УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Tuesday, July 25, 2006

"Алфите" вршат тортура и заплашување на Ромите

(Повод : намерата на МВР за дискредитација на мојата личност искажана во текстот "Полицијата не ги малтретира Ромите" објавен во Вест на 21- јули 2006 година)

Имам морална одговорност и право да дадам вистинско објаснување за фактичката состојба за јавноста во врска со овој случај.
На 17.07. 2006 година околу 19,45 часот во Гостивар, угледниот граѓанин К.Ријан никогаш за ништо неосудуван возел во тесна и едносмерна улица. Од спротивна страна доаѓало возило "голф" во кое имало три лица. К.Ријан се поместил на десно за да се разминат но тројцата од "голфот" не сакале да го поместат возилото, излегле и се нафрлиле врз К.Ријан па брутално го претепале. На местото на настаното група граѓани (кои ќе сведочат за настанот) молеле да не го тепаат, но бруталноста продолжила. Откако го оставиле, К.Ријан заминал дома со својот 20-годишен брат К.Мирсад а по пат го земал и својот братучед С.Аднан. Тие се пресретнале на улица со лицата кои го претепале К. Ријан. Полицајците "АЛФИ" тука ја прават првата грешка ВООПШТО НЕ СЕ ЛЕГИТИМИРАЛЕ.
При нивната расправија еден од полицајците пука во воздух и по младите Роми, но за среќа не погодил никого. Дури тогаш се легитимирале како "Алфи". Без пружање на било каков отпор на К.Ријан му биле ставени лисици на раце зад грб. Од тој момент започнува пеколот за К.Ријан кој со вперен пиштол на глава бил тепан а и другите двајца Роми се тепани. По повик на "Алфите" дошле уште неколку цивилни автомобили со полицајци и сите тие грубо без никаков обзир се нафрлиле на Ромите и грубо ги претепуваат. К.Ријан бил внесен во комбито со лисици на раце но полицајците продолжиле да го тепаат самиот кажува" Ме тепаа кој како ќе стигне по грбот, со колена и тупаници во главата и секаде каде ќе стигнеа".
Откако тројцата Роми биле приведени во полиција, јас стигнав околу 21,20 часот во Гостивар, некаде околу 23 ч. беа сослушани и еден час по полноќ на 18.07.2006 г. беа ослободени и заминаа по втор пат на болница во Гостивар на снимање и добивање на лекарства. Еден од тепачите "Алфи" додека чекавме ни се закануваше. Тројца претепани Роми имаат белези по телата од малтретирањето на Алфите додека К.Ријан и по главата особено во пределот на вилицата. Имаме лекарски уверенија, над десетина сведоци и во најскоро време ќе покренеме кривична постапка.
МВР без трошка срам и покрај сето погоре наведено сака да ја сокрие вистината, пишувајќи по печатените и електронски медиуми дека виновниците се брутално претепаните Роми и дека против нив ќе поднесе кривични пријави. Секако им се МОЖЕ по она народното "Кадија те тужи, кадија те суди". Останува на судот на кого повеќе ќе верува: на изјавите на тројца Роми или на тојца полицајци. Кој може да очекува дека МВР ќе ги прогласи за виновни полицајците кои гладни за крв се нафрлија на К.Ријан врзан со лисици. МВР за Ромите нема слух за правичност и за фер постапка.
По сето погоре наведено ја прашуваме јавноста каде е тука КУЛТУРАТА? Кој им го дал правото на полицијата особено "Алфите" да тепа каде сака, кога и кого сака? Кое е правото лице на полицијата поточно на народната улична полиција "Алфи". Да му служи на народот, да го штити и да го одржува јавниот ред и мир или обратно?
Мислењето на повеќе Ромски невладини организации и политички партии како и граѓаните Роми дека полциската единица "АЛФИ" врши тортура и заплашување на ромското граѓанство во државата. Дали МВР треба да го потсетам за локалните избори 2005 г. во Шуто Оризари за односот на Алфите за смртта на малолетникот Трајан Бекиров. Тие и тогаш не се легитимирале, како и во безброј случаи на тортура врз Ромите?
Дали оваа единица на МВР треба да "тренира строгост" на најсиромашниот, најлојалниот и најчесниот ромски народ? Кога Ромите ги загрозиле институциите и државата? До кога драги сограѓани треба Ромите да го трпаат јавашлукот и аздисувањето на "Алфите" во државата? МВР треба сериозно да се запраша за својата професионалност дали не го загрозува идното членство на државата во Европската Унија со случајот на Трајан Бекиров и слични случаи са кои што евро-парламетарците водат истрага.
Никој нема право да ја загрозува сигурноста, правото на движење, правото на живот на Ромите загарантирана согласно законите, Уставот и меѓународните акти.
Драги пријатели на крај како Ром интелектуалец, адвокат иден пратеник во Собранието на Р. Македонија достоинствено ќе ги застапувам Ромите во државата и целосно интересите на Република Македонија која е и наша држава, а единицата "Алфи" ќе се залагам да биде укината.
Адвокат, Шабан Салиу
[ВРЕМЕ]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home