УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Thursday, July 20, 2006

Џанго да каже кој ги претепал трите момчиња


Гостиварските невладини организации и здруженија на Ромите протестираа вчера попладне носејќи транспаренти со кои се бараше правда за Ромите и полицијата да биде сервис на сите граѓани.
Стотина Роми во 13.30 часот го почнаа маршот по гостиварските улици, а крајна дестинација беше СВР Гостивар. На моменти мирниот протест доби драматични димензии откако од страна на полицајците им беше речено дека не можат да влезат во кругот на СВР Гостивар. Навредливи зборови од лицата на протестот беа упатени и кон дописникот на МТВ.

По половина час расправии и докажувања од страна на полицијата дека постапуваат согласно со прописите, а Ромите дека имаат право да влезат во кругот на полицијата беше постигнато компромисно решение. Неколкучлена делегација влезе во СВР Гостивар, каде што ја предаде протестната нота. Во неа, гостиварските Роми бараат министерот за внатрешни работи и началникот на СВР Гостивар итно да преземат мерки против припадниците на „алфите“ директно инволвирани во инцидентот.

- Ромите се лојални граѓани и никогаш не влегле во конфликт со полицијата. Трите момчиња без повод и причина биле претепани од полицијата - изјави Шабан Салиу, пратеник, адвокат и роднина на трите момчиња, по средбата со раководството на СВР Гостивар.

Од средбата со првите луѓе во гостиварската полиција произлегла начелна согласност дека инцидентот ќе се расветли.

Поводот за протестот беше инцидентот во близината на гостиварскиот пазар, поточно недоразбирањето за предноста за движење по улица. Во соопштението на МВР завчера беше посочено дека 25-годишниот Аднан Сулејмани со железен предмет повредил припадник на полицијата, кој ја вршел службената должност, во пределот на градите и раката. Потоа полицајците, како што соопшти МВР, двапати пукале во воздух за да го одбијат нападот.

Полицијата ги обвини момчињата и дека со фрлање клешти го оштетиле стаклото од службеното полициско возило. Тројцата повредени, пак, тврдеа дека биле тепани со тупаници, клоци и палки, а на едниот од нив му бил вперен пиштол во главата.[ВРЕМЕ]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home