УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Thursday, July 20, 2006

Ромите со мирен протест бараа правда


Со скандирање: „Сакаме правда“, над петстотини граѓани предводени од невладини организации на Ромите, одржаа мирен протестен марш, кој заврши пред зградата на СВР Гостивар

Со скандирање: „Сакаме правда“, над петстотини граѓани предводени од невладини организации на Ромите, одржаа мирен протестен марш, кој заврши пред зградата на СВР Гостивар. Тие пред зградата на полицијата се задржаа половина час и прочитаа протестна нота, со која го осудуваат инцидентот што се случи во понеделникот навечер, кога тројца Роми и еден припадник на мобилната полициска единица беа повредени.

Претставници на ромската етничка заедница во Гостивар беа примени од одговорните во гостиварското СВР и побараа расветлување на случајот и одговорност за полицајците.

- Ние бараме да се суспендираат тројцата полицајци кои учествувале во тепањето, бидејќи тие се однесуваат како улична банда. Ова не е прв пат да се омаловажуваат Роми на ваков начин - изјави по средбата Шабан Салиу, адвокат од Скопје, кој е дојден да ги брани своите роднини што биле замешани во случајот.

Според полицискиот извештај, во понеделникот во близина на гостиварскиот пазар се случил инцидент по кој две лица, прво вербално, а потоа и физички нападнале припадници на „алфите“. При тоа две лица биле приведени, а еден од полицајците пукал два пати во воздух.

Тројцата Роми во своите изјави тврдат дека биле физички малтретирани и тепани без причина. Полицијата за случајот поднесе кривични пријави за напад на службено лице при вршење должност, која во судот ќе се води по редовна постапка, а повредените Роми исто така ќе поднесат тужба.[ДНЕВНИК]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home