УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Wednesday, July 19, 2006

ПРОТЕСТНА НОТА

Ние,политичката партија Сојузот на Ромите огранок Гостивар, невладините Граѓански организации: Еснафска заедница на Ромите – Гостивар, ХДЗР ,,Месечина,, - Гостивар, Центар за заштита на правата на Ромите – Гостивар , Женска Асоцијација за Развој „ЖАР„ и Граѓаните на град Гостивар упатуваме:


ПРОТЕСТНА НОТА

Во врска со немилиот настан на ден 17.07.2006 год (Понеделник) во 19.45 часот на кој се претепани припадници од ромската заедница од страна на припадниците на Посебната мобилна единица „АЛФИ“ од Гостивар и кој предизвика револт и чувство на етничко понижување кај припадниците на Ромската заедница и истиот може да предизвика несакани последици.

Представниците на погоре наведените организации и граѓаните на Општина Гостивар упатуваме ПРОТЕСТНА НОТА во која:

1. Најостро го осудуваме чинот на понижување и постапувањето на припадниците на Посебната мобилна единица „АЛФИ“,кон ромите во Гостивар и Република Македонија;

2. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија и Началникот на полицијата во Гостивар, да ги превземат сите законски мерки против сторителителите припадници на мобилната единица ,,Алфи,,;

3. Припадниците на мобилната единица ,,Алфи,,сторители на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата;

4. Превземање на мерки и активности за спречување на идна примена на сила и вршење на тортура врз било која етничка заедница;

5. Припадниците на мобилната единица „АЛФИ“ во иднина да придонесат кон јакнење на довербата кај заедниците во Република Македонија, со посебен акцент кон Ромската заедница;

6. Афирмативен пристап на полицијата кон Ромите;

7. Најостро го осудуваме понатамошното затајување на ваквите и слични ситуации поврзани со работата на посебната мобилна единица ,,Алфи,,;

8. Непристрасност кон утврдување на вината и утврдување на вистината.

Доколку овие барања, сугестии, предлози не бидат прифатени, Ромите во Република Македонија ќе бидат принудени да превземат поинакви начини на саморганизирање и дејствување, за остварување на погоре наведените барања.

Ваквите барања се превентивна мерка за соживот, меѓусебно разбирање и развој на меѓусебните односи.

19.07.2006, год Со Почит
Г О С Т И В А Р Од организаторите

0 Comments:

Post a Comment

<< Home