УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Tuesday, July 18, 2006

Беќирови го добија извештајот од обдукцијата


Иако во извештајот се вели дека син ми се удавил, тој најверојатно починал од повреди добиени од тепање, по што бил фрлен во вода, вели таткото на починатиот Трајан. Езерџан Беќиров, татко на трагичнопочинатиот Трајан (17), вчера, по еден месец чекање го доби официјалниот извештај од обдукцијата извршена од Институтот за судска медицина. Тој се сретнал со заменик-јавниот обвинител Драгица Михајловска, која му го предала извештајот што му го вети пред една недела. Според скопскиот јавен обвинител, Стерјо Зиков, Обвинителството се' уште чека одредени известувања за да може да го комплетира досието за „случајот Беќиров“, меѓу кои и извештајот од бугарскиот форензичар Георги Банков. Народниот правобранител Иџет Мемети, минатата недела побара од Обвинителството да поведе истрага, бидејќи во Правобранителството утврдиле дека Беќиров и неговиот другар биле изложени на опасност од страна на полицијата. Според обдукцискиот наод на Институтот за судска медицина, смртта на Трајан настанала поради давење.- Нема шанси детето тукутака да се удавило. Најверојатно му е нешто направено, па починало од повреди добиени од тепање и потоа било фрлено во вода. Ако Трајан се удавил, како што тврдат во судска медицина, што треба да се докаже, тогаш треба да се утврди и што било поттик за давење на детето - вели Езерџан. За Беќирови се спорни неколку детали од извештајот, што според нив укажува дека официјалните лица во извештајот ја избегнале вистината.- Како е можно Трајан да бил пронајден со едната патика на него, а другата покрај неговото тело? Тој никогаш не ги врзуваше патиките, туку ги натакнуваше. - Не е можно по толку денови патиките да не испаднале во водата. Ако веќе испаднала едната патика, како успеала да плива заедно со телото толку време? Езерџан смета дека е спорно тоа што на телото на Трајан нема гмеченици, иако 18 дена било во вода и се удирало по камења. - Очекувам Јавното обвинителство да покрене обвинение, во спротивно јас ќе го сторам тоа. Ме навреди тоа што госпоѓата обвинителка ме обвини дека лажам. Таа ми го бараше извештајот од Бугаринот, кој јас моментно го немам, а да го имав ќе го покажев јавно - вели Езерџан. Тој е незадоволен и од извештајот од истрагата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, според кој полицајците ги виделе Трајан и Орхан како бегаат, но во темницата ги изгубиле од вид. - Ако син ми крадел, а не е така, тој за тоа платил со глава. Ако се работело за кражба, зошто Орхан е на слобода, кога полицијата тврдеше дека двајцата биле осомничени за кражби. Исто така, ако „алфите“ правилно се легитимирале, зошто децата бегале? Ако веќе им избегале и во темницата биле на безбедно, зошто би ризикувале и би се фрлиле во Вардар - прашува таткото на Трајан.[ДНЕВНИК]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home