УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Tuesday, July 18, 2006

Нема да го закопам Трајан додека не ја разберам вистината

"Молк од сите. Ниту полиција, ниту судот ниту судска медицина кажуваат од што умре нашиот Тале. Телото не го земам да го погребам додека не ја разберам вистината. Ако треба ќе чекам и 10 години", рече вчера Езерџан Бекиров таткото на 17 годишниот Трајан Бекиров кој во саботата беше најден мртов во водите на Вардар.
" Од судска медицина ни рекоа дека дури за 15 дена ќе го добиеме извештајот од обдукцијата. Ќе го чекам да видам што ќе кажат. Од тоа ќе зависи дали ќе повикам странски експерти да направат обдукција. Ќе чекам оти сепак ние сме државјани на оваа држава и тука треба сами се да направиме", кажа Бекиров.
Семејството Бекирови во саботата попладнето разбраа дека нивниот син е мртов. Тој исчезна пред две недели кога бегал од полициските Алфи. Дента кога се случил инцидентот Трајан заедно со неговиот другар Орхан Исени застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели и почнале да бегаат.
"Трајан беше напред , а јас се вратив назад. Тогаш го видов последен пат", кажуваше по настанот Исени.
Според полицијата Трајан и другарчето бегале од полицајците оти биле фатени како крадат од автомобил. Во бегањето и бркотницата Трајан исчезнал.[ВЕСТ]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home