УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Tuesday, July 25, 2006

"Алфите" вршат тортура и заплашување на Ромите

(Повод : намерата на МВР за дискредитација на мојата личност искажана во текстот "Полицијата не ги малтретира Ромите" објавен во Вест на 21- јули 2006 година)

Имам морална одговорност и право да дадам вистинско објаснување за фактичката состојба за јавноста во врска со овој случај.
На 17.07. 2006 година околу 19,45 часот во Гостивар, угледниот граѓанин К.Ријан никогаш за ништо неосудуван возел во тесна и едносмерна улица. Од спротивна страна доаѓало возило "голф" во кое имало три лица. К.Ријан се поместил на десно за да се разминат но тројцата од "голфот" не сакале да го поместат возилото, излегле и се нафрлиле врз К.Ријан па брутално го претепале. На местото на настаното група граѓани (кои ќе сведочат за настанот) молеле да не го тепаат, но бруталноста продолжила. Откако го оставиле, К.Ријан заминал дома со својот 20-годишен брат К.Мирсад а по пат го земал и својот братучед С.Аднан. Тие се пресретнале на улица со лицата кои го претепале К. Ријан. Полицајците "АЛФИ" тука ја прават првата грешка ВООПШТО НЕ СЕ ЛЕГИТИМИРАЛЕ.
При нивната расправија еден од полицајците пука во воздух и по младите Роми, но за среќа не погодил никого. Дури тогаш се легитимирале како "Алфи". Без пружање на било каков отпор на К.Ријан му биле ставени лисици на раце зад грб. Од тој момент започнува пеколот за К.Ријан кој со вперен пиштол на глава бил тепан а и другите двајца Роми се тепани. По повик на "Алфите" дошле уште неколку цивилни автомобили со полицајци и сите тие грубо без никаков обзир се нафрлиле на Ромите и грубо ги претепуваат. К.Ријан бил внесен во комбито со лисици на раце но полицајците продолжиле да го тепаат самиот кажува" Ме тепаа кој како ќе стигне по грбот, со колена и тупаници во главата и секаде каде ќе стигнеа".
Откако тројцата Роми биле приведени во полиција, јас стигнав околу 21,20 часот во Гостивар, некаде околу 23 ч. беа сослушани и еден час по полноќ на 18.07.2006 г. беа ослободени и заминаа по втор пат на болница во Гостивар на снимање и добивање на лекарства. Еден од тепачите "Алфи" додека чекавме ни се закануваше. Тројца претепани Роми имаат белези по телата од малтретирањето на Алфите додека К.Ријан и по главата особено во пределот на вилицата. Имаме лекарски уверенија, над десетина сведоци и во најскоро време ќе покренеме кривична постапка.
МВР без трошка срам и покрај сето погоре наведено сака да ја сокрие вистината, пишувајќи по печатените и електронски медиуми дека виновниците се брутално претепаните Роми и дека против нив ќе поднесе кривични пријави. Секако им се МОЖЕ по она народното "Кадија те тужи, кадија те суди". Останува на судот на кого повеќе ќе верува: на изјавите на тројца Роми или на тојца полицајци. Кој може да очекува дека МВР ќе ги прогласи за виновни полицајците кои гладни за крв се нафрлија на К.Ријан врзан со лисици. МВР за Ромите нема слух за правичност и за фер постапка.
По сето погоре наведено ја прашуваме јавноста каде е тука КУЛТУРАТА? Кој им го дал правото на полицијата особено "Алфите" да тепа каде сака, кога и кого сака? Кое е правото лице на полицијата поточно на народната улична полиција "Алфи". Да му служи на народот, да го штити и да го одржува јавниот ред и мир или обратно?
Мислењето на повеќе Ромски невладини организации и политички партии како и граѓаните Роми дека полциската единица "АЛФИ" врши тортура и заплашување на ромското граѓанство во државата. Дали МВР треба да го потсетам за локалните избори 2005 г. во Шуто Оризари за односот на Алфите за смртта на малолетникот Трајан Бекиров. Тие и тогаш не се легитимирале, како и во безброј случаи на тортура врз Ромите?
Дали оваа единица на МВР треба да "тренира строгост" на најсиромашниот, најлојалниот и најчесниот ромски народ? Кога Ромите ги загрозиле институциите и државата? До кога драги сограѓани треба Ромите да го трпаат јавашлукот и аздисувањето на "Алфите" во државата? МВР треба сериозно да се запраша за својата професионалност дали не го загрозува идното членство на државата во Европската Унија со случајот на Трајан Бекиров и слични случаи са кои што евро-парламетарците водат истрага.
Никој нема право да ја загрозува сигурноста, правото на движење, правото на живот на Ромите загарантирана согласно законите, Уставот и меѓународните акти.
Драги пријатели на крај како Ром интелектуалец, адвокат иден пратеник во Собранието на Р. Македонија достоинствено ќе ги застапувам Ромите во државата и целосно интересите на Република Македонија која е и наша држава, а единицата "Алфи" ќе се залагам да биде укината.
Адвокат, Шабан Салиу
[ВРЕМЕ]

Thursday, July 20, 2006

Протест на Ромите во Гостивар

Повеќе од петстотини лица предводени од невладини организации на Ромите вчера во Гостивар протестираа во знак на револт за инцидентот што се случи во понеделникот кога тројца Роми од Гостивар и еден припадник на мобилната полициска ециница беа повредени. Претставници на ромската етничка заедница во Гостивар беа примени од одговорните во СВР Гостивар и побараа расветлување на случајот и одговорност од полпцајците. Ние бараме да се супендираат тројцата полнцајци кои учествувале во тепањето. Ова не е прв пат да се омаловажуваат Роми на ва1'0B начин. изјави по средбата Шабан Салиу, адвокат кој од Скопје дошол да ги заштити неговите роцнини кои биле инволвирани во случајот, Според полицискиот извештај, во понедепникот околу 20 часот, во близина на гостиварскиот пазар, дошло до инцидент во кој две лица прво вербално. а потоа и физички, напацнале припадници на апфите, Во своите изјави. тројцата Роми тврдат дека биле физички малтертирани и тепани без причина. Гостиварската полиција за случајот поднела кривични пријави за напад на службено лице при вршење должност, која во судот ќе се води по редовна постапка, а повредените Роми исто така најавија дека ќе подиесат тужба.[НОВА МАКЕДОНИЈА]

Џанго да каже кој ги претепал трите момчиња


Гостиварските невладини организации и здруженија на Ромите протестираа вчера попладне носејќи транспаренти со кои се бараше правда за Ромите и полицијата да биде сервис на сите граѓани.
Стотина Роми во 13.30 часот го почнаа маршот по гостиварските улици, а крајна дестинација беше СВР Гостивар. На моменти мирниот протест доби драматични димензии откако од страна на полицајците им беше речено дека не можат да влезат во кругот на СВР Гостивар. Навредливи зборови од лицата на протестот беа упатени и кон дописникот на МТВ.

По половина час расправии и докажувања од страна на полицијата дека постапуваат согласно со прописите, а Ромите дека имаат право да влезат во кругот на полицијата беше постигнато компромисно решение. Неколкучлена делегација влезе во СВР Гостивар, каде што ја предаде протестната нота. Во неа, гостиварските Роми бараат министерот за внатрешни работи и началникот на СВР Гостивар итно да преземат мерки против припадниците на „алфите“ директно инволвирани во инцидентот.

- Ромите се лојални граѓани и никогаш не влегле во конфликт со полицијата. Трите момчиња без повод и причина биле претепани од полицијата - изјави Шабан Салиу, пратеник, адвокат и роднина на трите момчиња, по средбата со раководството на СВР Гостивар.

Од средбата со првите луѓе во гостиварската полиција произлегла начелна согласност дека инцидентот ќе се расветли.

Поводот за протестот беше инцидентот во близината на гостиварскиот пазар, поточно недоразбирањето за предноста за движење по улица. Во соопштението на МВР завчера беше посочено дека 25-годишниот Аднан Сулејмани со железен предмет повредил припадник на полицијата, кој ја вршел службената должност, во пределот на градите и раката. Потоа полицајците, како што соопшти МВР, двапати пукале во воздух за да го одбијат нападот.

Полицијата ги обвини момчињата и дека со фрлање клешти го оштетиле стаклото од службеното полициско возило. Тројцата повредени, пак, тврдеа дека биле тепани со тупаници, клоци и палки, а на едниот од нив му бил вперен пиштол во главата.[ВРЕМЕ]

Ромите со мирен протест бараа правда


Со скандирање: „Сакаме правда“, над петстотини граѓани предводени од невладини организации на Ромите, одржаа мирен протестен марш, кој заврши пред зградата на СВР Гостивар

Со скандирање: „Сакаме правда“, над петстотини граѓани предводени од невладини организации на Ромите, одржаа мирен протестен марш, кој заврши пред зградата на СВР Гостивар. Тие пред зградата на полицијата се задржаа половина час и прочитаа протестна нота, со која го осудуваат инцидентот што се случи во понеделникот навечер, кога тројца Роми и еден припадник на мобилната полициска единица беа повредени.

Претставници на ромската етничка заедница во Гостивар беа примени од одговорните во гостиварското СВР и побараа расветлување на случајот и одговорност за полицајците.

- Ние бараме да се суспендираат тројцата полицајци кои учествувале во тепањето, бидејќи тие се однесуваат како улична банда. Ова не е прв пат да се омаловажуваат Роми на ваков начин - изјави по средбата Шабан Салиу, адвокат од Скопје, кој е дојден да ги брани своите роднини што биле замешани во случајот.

Според полицискиот извештај, во понеделникот во близина на гостиварскиот пазар се случил инцидент по кој две лица, прво вербално, а потоа и физички нападнале припадници на „алфите“. При тоа две лица биле приведени, а еден од полицајците пукал два пати во воздух.

Тројцата Роми во своите изјави тврдат дека биле физички малтретирани и тепани без причина. Полицијата за случајот поднесе кривични пријави за напад на службено лице при вршење должност, која во судот ќе се води по редовна постапка, а повредените Роми исто така ќе поднесат тужба.[ДНЕВНИК]

Фото-извештај

На ваков начин протестираа над 1500 граѓани од Гостивар, Скопје, Тетово и другите градови.





Wednesday, July 19, 2006

ПРОТЕСТНА НОТА

Ние,политичката партија Сојузот на Ромите огранок Гостивар, невладините Граѓански организации: Еснафска заедница на Ромите – Гостивар, ХДЗР ,,Месечина,, - Гостивар, Центар за заштита на правата на Ромите – Гостивар , Женска Асоцијација за Развој „ЖАР„ и Граѓаните на град Гостивар упатуваме:


ПРОТЕСТНА НОТА

Во врска со немилиот настан на ден 17.07.2006 год (Понеделник) во 19.45 часот на кој се претепани припадници од ромската заедница од страна на припадниците на Посебната мобилна единица „АЛФИ“ од Гостивар и кој предизвика револт и чувство на етничко понижување кај припадниците на Ромската заедница и истиот може да предизвика несакани последици.

Представниците на погоре наведените организации и граѓаните на Општина Гостивар упатуваме ПРОТЕСТНА НОТА во која:

1. Најостро го осудуваме чинот на понижување и постапувањето на припадниците на Посебната мобилна единица „АЛФИ“,кон ромите во Гостивар и Република Македонија;

2. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија и Началникот на полицијата во Гостивар, да ги превземат сите законски мерки против сторителителите припадници на мобилната единица ,,Алфи,,;

3. Припадниците на мобилната единица ,,Алфи,,сторители на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата;

4. Превземање на мерки и активности за спречување на идна примена на сила и вршење на тортура врз било која етничка заедница;

5. Припадниците на мобилната единица „АЛФИ“ во иднина да придонесат кон јакнење на довербата кај заедниците во Република Македонија, со посебен акцент кон Ромската заедница;

6. Афирмативен пристап на полицијата кон Ромите;

7. Најостро го осудуваме понатамошното затајување на ваквите и слични ситуации поврзани со работата на посебната мобилна единица ,,Алфи,,;

8. Непристрасност кон утврдување на вината и утврдување на вистината.

Доколку овие барања, сугестии, предлози не бидат прифатени, Ромите во Република Македонија ќе бидат принудени да превземат поинакви начини на саморганизирање и дејствување, за остварување на погоре наведените барања.

Ваквите барања се превентивна мерка за соживот, меѓусебно разбирање и развој на меѓусебните односи.

19.07.2006, год Со Почит
Г О С Т И В А Р Од организаторите

Известување за мирен протест

Почитувани,

• Политичката партија Сојузот на Ромите огранок Гостивар;
• Невладините организации Еснавска заедница на Ромите – Гостивар;
• ХДЗР ,,Месечина,, - Гостивар, Центар за заштита на правата на Ромите – Гостивар;
• Женската асоцијација на развој (ЖАР) -Гостивар;


ќе организираат мирен протест во знак на незадоволство од начинот на кој се однесуваат одредени поединци припадници на единицата за брза интервенција „Алфи“.

Поврзан со последниот настан случен во ноќта помеѓу 17-18.07.2006 год. Кога 3 (тројца) припадници на единицата за брза интервенција ,,Алфи,, предизвикале немил настан каде било употребено физичка сила и огнено оружје од страна на ,,Алфите,, на тројца цивили припадници на Ромската етничка група.

Мирен протест ќе се одржи на ден 19.07.2006 год во Гостивар, од раскрсницата ,,Панче Поповски,, и ,,Страхиња Симоноски,, (ОУ ,,Браство Единство) во правец до пред полициската станица во Гостивар, во период од 13,30 до 14,30

18.07.2006 год Со Почит
Г О С Т И В А Р од организаторите

„Алфи“ претепале тројца Роми


Во МВР тврдат дека полицајците не ги пречекориле овластувањата бидејќи можат да употребат физичка сила и оружје во самоодбрана Гостиварците Ријан Калгури (30) и Мирсад К. (26) и Аднан С. (25) од Тетово, сите тројца Роми, тврдат дека припадници на полициската единица „Алфи“ ги привеле и ги тепале без причина, завчера вечерта во Гостивар. По нивното апсење пред зградата на СВР Гостивар се собрале стотина роми, кои протестирале и барале приведените да бидат ослободени. Неколку невладини организации на Ромите за вчера најавија мирен протест со марш по улиците на Гостивар. Од СВР Гостивар ги негираат наводите и велат дека полицајците постапиле според правилата и оти во инцидентот бил повреден еден полицаец, а било оштетено едно возило.

Инцидентот се случил во понеделникот околу 20 часот, во близина на гостиварскиот пазар. Поводот за инцидентот, и според полицијата и според приведените, било недоразбирање за предноста за движење по улицата.

Ријан Калгури (30), плочкар од Гостивар, тврди дека со ништо не ја предизвикал реакцијата на „алфите“. Тој вели дека воопшто не знаел за кого станува збор и дека полицајците не се легитимирале.

- Во комбито бев со мојот братучед и одевме на работа. Јас само се обидував да им укажам на лицата во „голфот“ дека нема место за разминување, по што излегоа и почнаа да ме тепаат. Се помирив со тоа дека ме нападнале непознати, по што отидов по помошниците и си заминав по работа. По петнаесетина минути повторно ме запреа на стотина метри од местото каде што прв пат ме запреа и повторно ме извадија од комбито, ми ставија лисици и почнаа да не' тепаат. Имаше и пукање - вели Калгури.

Тројцата повредени тврдат дека биле тепани со тупаници клоци и со палки, а на едниот од нив му бил вперен пиштол во главата.

Според полицијата, завчера околу 20 часот, на улицата Панче Поповски во Гостивар, тројца полицајци, поради непрописно движење запреле комби, управувано од Риан К. (30) од Гостивар. Откако бил легитимиран, Риан излегол од возилото и почнал да им се заканува на полицајците дека ќе го блокира сообраќајот, а потоа со возилото се упатил во непознат правец.

Половина час подоцна Риан се вратил на улицата со Аднан С.(25) од Тетово и со Мирсад К. (26) од Гостивар. Еден од тројцата фрлил клешта кон полициското возило при што го искршил стаклото од задната врата, а потоа Аднан со железен предмет удрил еден полицаец во градите и во рацете.

За да го одбијат нападот, еден од полицајците извадил пиштол и испукал два куршума во воздух, по што Мирсад почнал да бега, а Аднан и Риан биле приведени во СВР Гостивар. Малку подоцна Мирсад самиот се пријавил во СВР Гостивар.

Во полицијата велат дека додека разговарале со сторителите, пред зградата на СВР Гостивар, во знак на протест се собрале околу 100 лица, кои се разотишле половина час по полноќ. По расветлување на случајот против Риан К., Аднан С. и Мирсад К. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од МВР велат дека полицијата во својата работа не се води според етничка, расна или верска припадност на сторителите на кривични дела. Во полициското соопштение издадено во врска со инцидентот, се вели дека полицајците не ги пречекориле овластувањата бидејќи и тие како и нивните колеги во другите европски земји можат да употребат физичка сила и оружје за да се одбранат. МВР смета дека претставниците на партиите и здруженијата што покажуваат лажна солидарност кон Ромите ги затскриваат сторителите на кривични дела и манипулираат со Ромите, обидувајќи се да наметнат состојба дека се предмет на полициска бруталност.[ДНЕВНИК]

Две верзии за инцидентот во Гостивар

Две верзии околу синоќешните настани во Гостивар. Една од трите ромски момчиња, друга сосема поинаква на полицијата. Ријан Калгури ги обвинува полициските Алфи дека го претепале во два наврати. Во вториот случај биле истепани и неговиот брат Мирсад Калгури и пријателот Аднан Сулејмани.

Првиот инцидент се случил на улицата „Панче Поповски“. Според Ријан Калгури му бил попречен патот од автомобил голф. Ги замолил луѓето да го ослободат патот по што тој бил претепан од три лица.

Калгури смета дека тоа биле Алфи кои не се легитимирале. Половина час подоцна ромите како што тврдат на друго место биле пресретнати од Алфите, по што повторно биле истепани, а било користено и огнено оружје.

„Ми ги ставија мене лисиците и со пиштол на главата ми стоеја и почна да пцуе“, изјави Ријан Калгури.

Гостиварската полиција информираше дека ромите биле запрени откако непрописно се движеле со комби возило. Алфите се легитимирале, Ријан им се заканувал, а половина час подоцна се вратил со двајца придружници. Фрлиле со клешта кон полициското возило, го искршиле стаклото од задната врата.

Со железен предмет удрил кон еден од Алфите, повредувајќи го во пределот на раката и градите. Сакајќи да го одбие нападот, еден од полицајците пукал во воздух.

Против тројцата ќе бидат поднесени кривични пријави за напад врз службено лице. Тројцата роми најавуваат тужби до Алфите, а ромските организации за утре закажаа мирен протест во Гостивар.[A1]

Сите пријави против „Алфите“ се за претепување

Изненадувачки, за пречекорување на полициските овластувања, граѓаните не поднесуваат многу пријави до невладините организации против „Алфите“, но загрижувачки сите граѓански пријави против единицата за борба против уличен криминал, како што е официјалното име за единицата „Алфа“ се за брутално претепување.

Овие податоци се извадени од статистиката на коалицијата за правично судење.

За „алфите“ во негативна смисла, македонските медиуми пишуваат барем еднаш неделно, или дека претепале некој, или дека уапсиле некој без да се претстават. Одговорот од МВР е, „Алфите“ секогаш се во право.

За акциите на оваа полициска структура постои и блог на интернет. Таму „алфите“ се претставени како народна милиција за која сите се криминалци.

Во МВР се задоволни од резултатите на милениците на министерот Михајловски, нивната статистика покажува дека за 18 месеци колку што постојат „Алфите“ над илјада криминалци се уапсени по распишана потерница и дека криминалот во Скопје и другите македонски градови е намален за 30%.

Но, организациите за човекови права се незадоволни од начинот на кој полициските „Алфи“ се справуваат со криминалот. Според хелсиншкиот комитет тие тоа го прават со прекумерна употреба на сила и со непочитување на основните човекови права.

Покрај Хелсиншкиот комитет и народниот правобранител отвори фронт со МВР токму поради „Алфите“. Внатрешната контрола на МВР речиси по правило ги амнестираше „Алфите“.

Најголема дамка за ова полициска единица е неразјаснетата смрт на Трајан Беќиров, бегал од „алфите“, а по три неделна потрага неговото тело беше најдено мртво во Вардар.

Синоќа нивна интервенција предизвика протести пред гостиварската полиција. Минатата недела битолчанецот Љупчо Стојановски сведочеше пред новинарите дека битолски „Алфа“ тим го привел но, не во полициска станица туку го однеле и го претепале на античка Хераклеа.[A1]

Tuesday, July 18, 2006

Беќирови го добија извештајот од обдукцијата


Иако во извештајот се вели дека син ми се удавил, тој најверојатно починал од повреди добиени од тепање, по што бил фрлен во вода, вели таткото на починатиот Трајан. Езерџан Беќиров, татко на трагичнопочинатиот Трајан (17), вчера, по еден месец чекање го доби официјалниот извештај од обдукцијата извршена од Институтот за судска медицина. Тој се сретнал со заменик-јавниот обвинител Драгица Михајловска, која му го предала извештајот што му го вети пред една недела. Според скопскиот јавен обвинител, Стерјо Зиков, Обвинителството се' уште чека одредени известувања за да може да го комплетира досието за „случајот Беќиров“, меѓу кои и извештајот од бугарскиот форензичар Георги Банков. Народниот правобранител Иџет Мемети, минатата недела побара од Обвинителството да поведе истрага, бидејќи во Правобранителството утврдиле дека Беќиров и неговиот другар биле изложени на опасност од страна на полицијата. Според обдукцискиот наод на Институтот за судска медицина, смртта на Трајан настанала поради давење.- Нема шанси детето тукутака да се удавило. Најверојатно му е нешто направено, па починало од повреди добиени од тепање и потоа било фрлено во вода. Ако Трајан се удавил, како што тврдат во судска медицина, што треба да се докаже, тогаш треба да се утврди и што било поттик за давење на детето - вели Езерџан. За Беќирови се спорни неколку детали од извештајот, што според нив укажува дека официјалните лица во извештајот ја избегнале вистината.- Како е можно Трајан да бил пронајден со едната патика на него, а другата покрај неговото тело? Тој никогаш не ги врзуваше патиките, туку ги натакнуваше. - Не е можно по толку денови патиките да не испаднале во водата. Ако веќе испаднала едната патика, како успеала да плива заедно со телото толку време? Езерџан смета дека е спорно тоа што на телото на Трајан нема гмеченици, иако 18 дена било во вода и се удирало по камења. - Очекувам Јавното обвинителство да покрене обвинение, во спротивно јас ќе го сторам тоа. Ме навреди тоа што госпоѓата обвинителка ме обвини дека лажам. Таа ми го бараше извештајот од Бугаринот, кој јас моментно го немам, а да го имав ќе го покажев јавно - вели Езерџан. Тој е незадоволен и од извештајот од истрагата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, според кој полицајците ги виделе Трајан и Орхан како бегаат, но во темницата ги изгубиле од вид. - Ако син ми крадел, а не е така, тој за тоа платил со глава. Ако се работело за кражба, зошто Орхан е на слобода, кога полицијата тврдеше дека двајцата биле осомничени за кражби. Исто така, ако „алфите“ правилно се легитимирале, зошто децата бегале? Ако веќе им избегале и во темницата биле на безбедно, зошто би ризикувале и би се фрлиле во Вардар - прашува таткото на Трајан.[ДНЕВНИК]

Нема да го закопам Трајан додека не ја разберам вистината

"Молк од сите. Ниту полиција, ниту судот ниту судска медицина кажуваат од што умре нашиот Тале. Телото не го земам да го погребам додека не ја разберам вистината. Ако треба ќе чекам и 10 години", рече вчера Езерџан Бекиров таткото на 17 годишниот Трајан Бекиров кој во саботата беше најден мртов во водите на Вардар.
" Од судска медицина ни рекоа дека дури за 15 дена ќе го добиеме извештајот од обдукцијата. Ќе го чекам да видам што ќе кажат. Од тоа ќе зависи дали ќе повикам странски експерти да направат обдукција. Ќе чекам оти сепак ние сме државјани на оваа држава и тука треба сами се да направиме", кажа Бекиров.
Семејството Бекирови во саботата попладнето разбраа дека нивниот син е мртов. Тој исчезна пред две недели кога бегал од полициските Алфи. Дента кога се случил инцидентот Трајан заедно со неговиот другар Орхан Исени застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели и почнале да бегаат.
"Трајан беше напред , а јас се вратив назад. Тогаш го видов последен пат", кажуваше по настанот Исени.
Според полицијата Трајан и другарчето бегале од полицајците оти биле фатени како крадат од автомобил. Во бегањето и бркотницата Трајан исчезнал.[ВЕСТ]

Трајан Бекиров

Пред две недели Трајан Беќиров заедно со неговиот другар, Орхан Исени, застанале да се греат на оган од запален контејнер до автобуската станица во Карпош 4. Слушнале истрели од полицијата и почнале да бегаат.

Трајан беше напред и избега, а јас се вратив назад, така раскажува Орхан, присетувајќи се на моментот кога за последен пат го видел својот другар, жив.

Според МВР, двајцата биле забележани како крадат од автомобили и затоа Алфите сакале да ги уапсат. Во бегството Трајан исчезнал.

Полицијата немаше никакви информации за исчезнатото дете цели две недели.

Семејството Беќирови заедно со неколку стотина Роми од Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово, протестираа пред Собранието со цел да ги поттикнат службите да им го најдат синот. [A1]

Уа!!! За Алфите

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ.
Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.