УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Thursday, February 02, 2006

Нова жртва на алфите - претепан 66-годишниот Јове Мировски

Шеесет и шест годишниот Јове Мировски синоќа два часа по полноќ завршил на Клиниката за максилофацијална хирургија со повреди на лицето.

Денеска обвинува неговиот брат дека полицијата го тепала него и неговиот другар кои одбивале да ја платат сметката на таксистот кој ги возел до неговиот дом. Нека го казнат и приведат во полиција дека одбивал да плати, но да не го повредуваат за да заврши во болница вели братот на повредениот кој рече дека го пријавува случајот затоа што ова не е прв пат нивното семејство да биде цел на полициско насилство.

„Во полиција ми рекоа дека не сакале да ја плата сметката и дека сакале да му ги одземат парите на таксистот, тој веднаш ги викнал од полиција тие алфите имало околу 15 луѓе комшиите велат дека со пиштоли му стоеле на главата“, вели братот на Јове.

Од МВР денеска тврдат дека Мировски не бил тепан од полицијата. Кога тој и неговиот другар одбивале да ја платат сметката таксистот повикал негови колеги таксисти да му помогнат и тогаш настанала голема тепачка. Полицијата дошла да интервенира но никој од нив не употребил физичка сила тврди шефот на кабинетот на министерот Горан Павловски кој не кажува дали тоа биле алфи. Од МВР велат дека и повредениот и неговиот другар биле во алкохолизирана состојба.

На клиниката за максилофацијална хирургија згрижен повредениот Јове Мировски. Но од таму не сакаа да ја коментираат неговата здравствена состојба.

Случајот и понатаму ќе се испитува. Од МВР најавуваат дека ќе следуваат и соодветни пријави против виновниците.[КАНАЛ 5]