УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Monday, October 10, 2005

ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОКТОМВРИ 2005

3.2. Случаи „Полициска единица АЛФИ“

3.2.1. Случај, Пото Зеговски, Скопје. - Според наводите на г. Пото Зеговски на 12.10.2005 околу 17 часот пред неговата куќат се појавиле неколку полицајци кои се легитимирале како припадници на посебната мобилна единица на Полицијата за борба против криминалот – “АЛФА“ и побарале информации за неговата поранешната сопруга Јагода. Зеговски им рекол дека тие се разведени веќе 15 години и дека нема никакви контакти со неа и им ја дал адресата на нејзините родители.

Според наводите на Зеговски полицајците, најверојатно незадоволни од одговорот, започнале да го удираат. Најнапред, еден од полицајците го удрил со тупаница во пределот на левото око и почнал да го влече. Потоа, се придружиле и другите полицајци кои започнале да го удираат, а еден од полицајците му ја удрил главата од асфалтот на улицата. Од нанесените повреди Зеговски започнал обилно да крвари, но, не му била дадена никаква помош.

Во тој момент излегол соседот на Зеговски, кон кого бил репетиран пиштол од страна на полицијата, а тој брутално бил ставен во еден од автомобилите на полицијата и однесен во полициската станица во Карпош каде бил задржан околу 40 минути. За тоа време тој повремено бил удиран во пределот на стомакот, бубрезите и во пределот зад десното уво[14]. Додека траело удирањето тој бил врзан со лисици.

По интервенција на семејството, Зеговски (татко му, мајка му и ќерка му) тој бил префрлен во Полициската станица во Ѓорче Петров каде бил задржан околу два и пол часа, за кое време постојано го убедувале различни службени лица дека тој самиот е виновен за настаната ситуација и дека е најдобро да не покренува никаква постапка за овој инцидент. На крајот му било дадено да потпише изјава дека не бара адвокат.[ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО Р.МАКЕДОНИЈА]