УА !!! ЗА АЛФИТЕ

Овој Блог е направен со цел да се воспостви комуникација и размена на мислења на „клиентите“ кои се малтретирани од страна на АЛФИТЕ. Па затоа ве молам сите вас кои имате коментари или знаете начин на кој сите ние Ромите и другите етникуми да изнесете ваше мислење.

Sunday, June 26, 2005

ИЗВЕШТАЈ ЗА СОСТОЈБАТА СО ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОКТОМВРИ 2005

3.2.2. Случај Нухи Зимри, Скопје. - Според г. Нухи Зимри на 25.06.2005 г., околу 20 часот, тој, заедно со својот братучед г. Адеми Таири од с. Тисавица, бил во Градскиот трговски центар во Скопје (на самото приземје, на влезот од страната на плоштадот “Македонија“), кога им се приближиле две непознати лица, им се легитимирале со полициски значки (наводно од „АЛФА“ единицата) и им побарале лични карти. Таири им покажал лична карта, а Зимри немал никаков документ за идентификација, но ги дал сите потребни податоци за себе.

Според неговиот исказ, го известиле дека поради немање на документ за идентификација ќе биде казнет за прекршок со 3.000.00 денари преку судот за прекршоци. Тој одговорил дека ќе ја плати казната и прашал дали е слободен да оди дома. Во тој момент, еден од полицајците го фатил за грло, го завртел со грб спрема него, му ставил лисици, го удрил со бокс по левото око, а со нога во стомак, по што Зимри паднал на земја. Зимри воопшто не пружал отпор, ниту вербален ниту пак физички. Истиот полицаец го кренал од земја, го донел до излозите на дуќаните, повторно го удрил со бокс по што со десната слепоочница удрил во стаклото.

Со полициски џип „Дифендер“ биле однесени во ПС „Центар“ (позната и како “Беко“), каде Зимри ги повторил истите податоци што веќе претходно ги кажал. Бил испитан и Таири, по што бил пуштен да оди, а Зимри бил задржан во ќелија околу 2 часа, во кое време никој не контактирал со него. По два часа чекање се појавил “инспектор Мики“ и му дал на Зимри да потпише три записника од кои ниту еден примерок не му бил даден нему. Му било кажано дека треба да си земе адвокат, бидејќи во спротивно ќе седел во ќелија до следното утро. Меѓутоа, и покрај оваа закана, сепак бил пуштен да оди дома. Откако излегол од ПС Зимри отишол во Градска општа болница, каде му се констатирани повредите.

Неколку дена покасно, на 28.06.2005 Зимри се упатува во ПС Беко за да добие еден примерок од записникот. Инспектор Мики го одбил со образложение дека истиот бил уништен од негова страна. Воедно, Зимри бил однесен да му бидат земени отпечатоци од прстите и да биде фотографиран. При заминување инспекторот му кажал дека ако сака примерок од записник, истиот требал да биде побаран по службена должност од страна на адвокат. Во согласност со тоа, неговиот адвокат, на 06.07.2005 година поднел барање за добивање на записник. Наместо записник, ПС „Центар“ одговорило (бр. 21.19.1 – 4284 од 12.08.2005 година) против Зимри веќе поднеле кривична пријава по член 383 – Напад на ОСЛ[15], а истражниот судија (Основниот суд Скопје 1) закажал распит на обивинетиот за 24.11.2005 година.[ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ВО Р.МАКЕДОНИЈА]

0 Comments:

Post a Comment

<< Home